Некогаш ЦЕНТАР НА СКАНДАЛ, а сега МОНИКА ЛЕВИНСКИ дели совети за кариера

моника левински
Фото Профимедиа

Моника Левински е една од најконтроверзните политички фигури во САД, а не престанува да шокира и децении по аферата со Бил Клинтон.

Американскиот психолог Адам Грант на Твитер простави прашање „Кое е најлошиот совет за кариера кој некогаш сте го добиле?“

Она што никој не очекувал е дека Моника Левински ќе се јави со одговор меѓу првите. Нејзиниот одговор на оригиналниот твит гласи:

„Пракса во Белата куќа е одлична за твојата кратка биографија“, напишала таа, шегувајќи се на своја сметка.

Принтскрин/Твитер

Реакциите на твитот се едногласни, дека тоа е можеби најдобриот одговор на прашање некогаш објавен на Твитер.

За потсетување, Левински започна со својата волонтерска работа во Белата куќа на нејзина 22-годишна возраст, а три години подоцна беше обелоденет скандалот со аферата со тогашниот претседател, Бил Клинтон.

Оттогаш важи за една од најнеомилените фигури на американската политичка сцена, но очигледно добро се носи со тоа, штом умее да се шегува на своја сметка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот