Нека започне Премиер лигата: Фаворит е Сити, клубовите вредат 8,9 милијарди евра

Сити ќе има силна конкуренција во Ливерпул и Челси за тронот/Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Заврши паузата од два и пол месеци, денеска започнува новата натпреварувачка сезона во англиската Премиер лига (2021/2022) со натпреварот помеѓу Брентфорд и Арсенал од 21.00 часот.

Новата сезона на најсилното клупско фудбалско првенство во светот, чии екипи вредат дури 8,9 милијарди евра.

Титулата од минатата сезона ја брани Манчестер сити, а „граѓаните“ нема да имаат лесна задача кон одбрана на тронот. Голема конкуренција за „граѓаните“ ќе бидат Ливерпул, Челси и значително засилениот градски ривал Манчестер јунајтед.

Клубот од „Етихад“ и понатаму го има најскапиот тим на Островот (1,06 милијарди), а оваа сезона ги помести границите со купување на англискиот репрезентативец Џек Грилиш од Астон Вила за 117,5 милиони евра, што е најголем трансфер во историјата на англиското првенство.

„Граѓаните“ се фаворити и сезонава за шампионската титула/Фото: EPA-EFE/JAMES BOARDMAN

Топ 5 фаворити според обложувалниците –

1.Манчестер сити 1,67 квота
2.Ливерпул 6,00
3.Челси 6,00
4.Манчестер јунајтед 9,00
5.Лестер 41,00

Шпанскиот менаџер на Сити, Пеп Гвардиола има проблем во напаѓачката линија, бидејќи по заминувањето на Серхио Агуеро во Барселона, единствениот класичен центарфор е Габриел Жезус. А како што се шпекулираше досега првата желба е Хари Кејн од Тотенхем, кого газдата на Тотенхем, Даниел Леви, не сака да го пушти за помалку од 180 милиони евра, а преодниот рок завршува на 31 август на полноќ. Интересно, токму овие две екипи ќе се сретнат во дербито на првото коло (недела, 17.30 часот).

Топ 5 највредни клубови –

1.Манчестер сити 1,06 милијарда евра
2.Ливерпул 904,50 милиони
3.Челси 896,50
4.Манчестер јунајтед 858,25
5.Тотенхем 705

Од Хари Кејн повторно се очекува да ги тресе мрежите/Фото: EPA-EFE/Andrew Couldridge

Топ 5 најскапи фудбалери –

1.Хари Кејн 120 милиони евра
2.Кевин де Брујн 100
3.Мохамед Салах 100
4.Џејдон Санчо 100
5.Бруно Фернандеш 90

Топ 5 најголеми трансфери ова лето –

1.Џек Грилиш, од Астон Вила во Манчестер сити, 117,5
2.Џејдон Санчо, од Борусија Дортмунд во Манчестер јунајтед, 85
3.Бен Вајт, од Брајтон во Арсенал, 58,50
4.Кристијан Ромеро, од Аталанта во Тотенхем, 55
5.Рафаел Варан, од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед, 45

Манчестер сити го потврди најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата

Премиер лига 2021/2022

Двојки, 1. коло –

Петок

21.00 часот
Брентфорд – Арсенал

Сабота

13.30 часот
Манчестер јунајтед – Лидс

16.00 часот
Барнли – Брајтон
Челси – Кристал палас
Евертон – Саутемптон
Лестер – Вулверхемптон
Ватфорд – Астон Вила

18.30 часот
Норич – Ливерпул

Недела

15.00 часот
Њукасл – Вест Хем
Тотенхем – Манчестер сити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот