Нека ви биде интересно и ова попладне – Благ леб со компир, цимет и какао

Состојки:

500 грама брашно

1 варен компир со средна големина (испасиран)

1 коцка сув квасец

100 грама шеќер

1 ванилин шеќер

1 жолчка од јајце

200 милилитри млеко

100 милилитри масло за јадење

50 грама какао

20 грама цимет

Подготовка:

Во подлабок сад ставете го брашното и во него додајте го шеќерот и малку сол. Потоа ставете го млекото да се загрева. Кога млекото ќе стане млако, тргнете го од оган и додајте го во брашното. Во него растопете го квасецот, а потоа една по една додајте ги и сите други состојки што ви се потребни за подготовка на овој рецепт.

На претходно набрашнета површина, измесете го тестото. На почетокот внимавајте да не ви се разлее целосно. Додавајте брашно постепено и цело време месете.

Тестото што ќе го добиете треба да биде речиси меко.

Вратете го тестото во садот и покријте го со кујнска крпа. Оставете го да стасува околу еден час. Вклучете ја рерната на 180 степени и оставете ја да се загрее.

Добиеното тесто, откако ќе стаса, поделете го на два еднакви дела, а од нив формирајте две помали лепчиња.

Лепчињата ставете ги во тава за печење и оставете ги повторно да искиснат околу 30 минути.  Вака подготвените лепчиња, печете ги околу 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот