НЕКА ПАРИТЕ ТРЧААТ ПО ВАС: Чувајте во станот босилек, спуштете ја ВЦ даската…

Фенг Шуи е древна кинеска вештина која тврди дека одделни аспекти од животот можете да ги унапредите или упропастите со распоредот на простории, со положбата на куќата, со домашното уредување и сл…Доколку сакате да ја зајакнете својата финансиска ситуација, направете ги овие измени во животниот простор и парите ќе почнат да извираат. Барем така тврди фенг шуи.

Не користете симболи на вода во домот

– Цевките кои течат, се знак дека парите ви истекуваат од рацете – вели фенг шуи консултантот Карен Роуч Картер. За да ја зајакнете својата банкарска сметка, задолжително треба да ги поправите сите расипани цевки во куќата, но и да се ослободите од целата вода која долго време стагнира, на пример, да ја промените водата во вазните за цвеќе. Затоа фенг шуи совет-правилото е поклопување на даската од ВЦ школката, што исто така е многу важно.
Најдобро би било да го избегнувате изложувањето на ликовни дела со елементи на вода – особено во спалната соба, ниту да поставувате огледало на местата повисоки од вашиот нос, советува фенг шуи експертот.

Внесете повеќе билки

профимедиа

– За да просперирате во животот, важно е во својот дом да креирате пожив, здрав и исполнет простор но без неред – предупредува фенг шуи експертот Лаура Бенко. Нередот му пречи на слободниот проток на енергијата, поради што домашните стануваат мрзеливи.
Животната сила најдобро е да ја зајакнете со билки и цвеќиња, но и со редовно проветрување на сите простории. Набавете босилек, фантастична билка која привлекува пари. Чувајте во станот чинија со ориз, бидејќи таа симболизира плодност и изобилство. Садот со портокали, лимон или лимета во домот е уште еден предмет кој донесува материјален напредок.
Фонтаните се симбол за пари и богатство па доколку имате простор во дворот од куќата и средства на располагање, размислете за овој украс.

Користете ги боите на богатството

Бојата може да има големо внимание на вашето расположение. Црвената се смета за многу моќна боја, па не не чуди што славните лица одат токму по теписите со оваа боја кога одат на премиера на филмовите. Доколку сакате да привлечете пари во својот живот ставете црвени декорации, како и зелени и виолетови.

Меѓутоа, постои исклучок. Доколку не ја поднесувате црвената, зелената или виолетовата боја, тие нема да „упалат“ како средство за привлекување на пари во вашиот живот. Фенг шуи не се огледува само преку распоредот на предмети, туку и во складната рамнотежа меѓу вас и просторот во кој престојувате.

Чиста кујна

Вашата кујна е директно поврзана со вашата можност да привлечете пари – вели фенг шуи консултантот Сузан Мецгер. Важно е да ги одржувате садоперот и фрижидерот организирани.
Шпоретот мора да биде чист, а секоја рингла треба правилно да работи. На крајот, доколку сакате да ја зајакнете својата финансиска ситуација, погрижете се вашата маса за ручање секогаш да биде беспрекорно чиста.

Ослободете се од старите работи

За да заработите пари, некогаш морате да се ослободите од старите работи кои никогаш не ги користите. На пример, сигурно во некои кутии чувате стари далечински управувачи, облека во која веќе не можете да „влезете“ и слични предмети кои не му служат никому.

Доколку нешто не користите, веројатно тоа не ви е важно, ниту потребно. Ослободете го така просторот во куќата кои ќе ви овозможат влез на нова енергија и ќе ви донесат просперитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот