Нејзиното величество – туна: добра е за салати, суши и вкусни специјалитети

Туната е риба која може да се приготвува на разни начини. Во италија се јаде печена со компир и црвен пипер, или се сервира карпачо – тенко сечени парчиња од свежа туа. Во Јапонија се користи за суши.

Месото од туна е црвеникаво, но можат да се најдат и посветли нијанси на црвена боја. Филето од туна  може да се пржи во тава или да се пече на скара или во рерна. Ако ја пржите туната, тргнете ја од оган штом се запече лесно. Добро печената риба треба кога ќе се пресече на средина да биде светло розева, а на краевите кафеава. Ако ја печете во рерна кришките туна потопете ги 15 минути во соја сос измешан со мед во однос 3 спрема 1. Вкусот е неверојатен.

Како салата или сос

Доколку решите да ја печете на скара, освежете ја со песто. Во блендер измешајте 4 китки свежи листови од босилек, додајте 60 грама рендан пармезан, 40 грама пињоли (или индиски ореви) и 4 лажици маслиново масло. Додајте малку лук и блендирајте.

Од туна во конзерва се прави салата или сос за тестенини. Издинстајте ситно или крупно сечкана главица кромид, додадет два домата исчистени од кожа и семки. По четири минути додадете по прстофат рузмарин, црн пипер и сол. Тргнете го садот од оган, доајте ја рибата од конзерва и измешајте. Сосот додадете го на варени тестенини, кои препорачливо е да не ги миете со вода по варењето.

Клафути со туна
Најпознато француско јадење е клафути со туна и маслинки, а може да стане и ваше омилено јадење. За шест порции потребни ви се 50 грама рендан кашкавал, една лажица маслиново масло, сол и црн пипер по вкус, 600 грама риба од конзерва со нејзиниот сос, 4 јајца, 400 грама маслинки без семки, 300 мл млеко, 1 лажица нишесте, 400 г мелени домати. Туната изгмечете ја со две лажици сос од конзерва, нишестето растворете го со млеко. Јајцата изматете ги и во нив додадете го останатото млеко. Добро изматете и додајте го нишестето.
Во ова додајте ја туната, мелените домати, зачинете со сол и црн пипер и измешајте. Во кружен плех подмачкан со масло ставете го рибиното тесто и порамнете ја површината. Украсете со маслинки, посипете со рендан кашкавал. Печете во рерна претходно загреана на 180 степени, половина час. Изладете на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер, послужете го со салата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот