Нејзините илузии пак го освоија жирито! (ФОТО)

Фотографија: Instagram

Во хрватското шоу „Суперталент“ настапи учесничка по име Миријана Кика Милошевиќ (37), која го воодушеви жирито со нејзината приказна и ги освои сите четири гласа.

Таа не пее, не танцува, ниту свири, туку прави илузии и тоа на човечкото тело. Талентот го открила пред 4 години, иако од мали нозе покажала љубов спрема цртањето.

Instagram

„Моите платна за цртање беа ѕидовите и вратите. Се пикав под масата за да цртам. Моите родители не можеа да ми го финансираат школувањето во уметничкото училиште, па затоа одлучив сама да си ја развијам вештината. Едно време ги цртав лицата на децата по родендени, но не бев задоволна. Сакав нешто повеќе. Сакав да си играм со човечкиот ум“, се присетила Миријана на своите почетоци.

Instagram

Една илузија ја прави за 30 минути, а за покмплицирана ѝ требаат понекогаш и десетина часа. Иако изгледа дека за време на цртањето телото нема облека, Мирјана за 24сата открила дека тоа е далеку од вистината.

„Додека правам илузија на себе, имам лесена долна тренерка, а на градите маичка со гол стомак. Косата ми е секогаш врзана во коњско опавче, бидејќи не сакам да ми смета за време на работата“, изјавила србинката која освен во хрватската верзија на ова шоу, се пријавила и на италијанската.

Instagram

На прашањето зошто се пријавила повторно, Мирјана одговорила без размислување.

„Поради мајка ми. Сакав да ѝ ја исполнам желбата со оглед на тоа дека е родена и живее во Хрватска. Таа е мојата најголема подршка“, кажува таа.

Во италијанската верзија на шоуто исто така добила четири „ДА“, а жирито останало збунето. Мислеле дека станува збор за вистинска кукла. Таа исто така изјавила дека може многу добро да заработи од својот талент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот