Нејмар во проблеми: На Шпанија и должи 34 милиони евра за неплатен данок

фото: EPA-EFE/David Ramos

Фудбалерот на ПСЖ има желба да се врати во Барселона, но пред враќањето во Шпанија ќе мора да ги подмири долговите кон државата.

Бразилскиот репрезентативец и летово беше дел од шпекулациите во кои се зборуваше за негов кам-бек во Барселона, но во меѓувреме ваквите најави стивнаа.
Многумина помислија дека приказната околу Нејмар и Барселона е завршена поради хаосот кој владее во каталонскиот тим, но по извештајот на шпанските даночни власти, се чини дека причините за нереализираниот трансфер се од друга природа.

Според извештајот Бразилецот на име на неплатени даноци, камати и пенали на Шпанија и должи нешто повеќе од 34 милиони евра. Нејмар е должен точно 34.624.260 евра заклучно со 31 декември 2019 година.
Нејмар во Шпанија играше за Барселона од 2013 до 2017 година по што во рекорден трансфер вреден 222 милиони евра премина во ПСЖ, но зад себе остави огромен долг.

Нејмар не е единствен фудбалер кој е обвинет од Шпанија дека затаил данок, претходно проблеми со даночните власти имаа и ѕвезди како Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот