Нејмар во големи проблеми, се жали на расизам, а не се штеди на навреди

epa08667321 Paris Saint-Germain's Neymar (R) argues with Olympique Marseille's Alvaro Gonzalez (L) during the French Ligue 1 soccer match between Paris Saint-Germain (PSG) and Olympique Marseille at the Parc des Princes stadium in Pa?ris, France, 13 September 2020. EPA-EFE/Julien de Rosa

Бразилецот заработи црвен картон во големото француско дерби и тврдеше дека бил провоциран на расна основа.

Најголемото француско дерби помеѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј заврши со минимален триуф за гостинскиот тим но натпреварот го одбележаа тепачката во последните моменти ос наптреварот и петте црвени картони.

Меѓу исклучените покрај Паредес, Курзава од едната и Бенедето и Амави од другата страна, предвреме во соблекувалната беше испратена и најголемата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар.

Нејмар од зад грб го удри Алваро Гонсалес по што на интервенција од ВАР собата, му беше покажан црвен картон, а Бразилецот се жалеше дека бил навредуван на расна основа.

Го стигна кармата: Нејмар им се насладуваше на поразите на другите, а на крајот тој плачеше како мало дете

Тој војната со фудбалерот на Олимпик Марсеј ја продолжи на социјалните мрежи на кои повторно обвини дека бил навредуван на расна основа.

Го стигна кармата: Нејмар им се насладуваше на поразите на другите, а на крајот тој плачеше како мало дете

Но, шпанската телевизија Гол открива дека во навредите не се штедел ниту Нејмар. Според телевизијата, Бразилецот имал хомофобен испад нарекувајќи го играчот на Олимпик Марсеј „е*ен п***р“.

Навивачите на Марсеј веднаш покренаа петиција на социјалните мрежи под хаштаг #NeymarHomophobe и бараат адекватна казна за фудбалерот на ПСЖ кој за црвениот картон може да заработи и суспензија од седум натпревари.

Го стигна кармата: Нејмар им се насладуваше на поразите на другите, а на крајот тој плачеше како мало дете

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот