Нејмар со порака до Меси: Се гледаме наскоро пријателе!

Фото: EPA/ALEJANDRO GARCIA

Откако напладне во седиштето на УЕФА, Нион, ги дознавме паровите од осминафиналето во Лигата на шампионите, вечерва УЕФА објави по кој ред ќе се играат натпреварите.

А уште на самиот почеток од нокаут-фазата имаме спектакл, односно првиот меч помеѓу Барселона и ПСЖ на 16 февруари 2021 година.

– Се гледаме наскоро пријателе – напиша Нејмар на Инстаграм по повод нивниот дуел во ЛШ.

Истиот ден ќе имаме уште еден интересен меч, Лајпциг ќе го пречека Ливерпул, реванш средбите на двата споменати дуели ќе се играат на 10 март.

Наредниот ден (17 февруари) Јувентус на Кристијано Роналдо му гостува на Порто, а Севиља е домаќин на Борусија Дортмунд, возвратните мечеви се на 9 март 2021 година.

Се огласи и Нејмар на Инстаграм со посебна порака до неговиот екс соиграч и голем пријател, Лионел Меси.

Двојки и термини за осминафиналните натпревари во ЛШ:

Барселона – ПСЖ (прв натпревар 16 февруари/реванш 10 март)

Лајпциг – Ливерпул (прв натпревар 16 февруари/реванш 10 март)

Порто – Јувентус (прв натпревар 17 февруари/реванш 9 март)

Севиља – Борусија Дортмунд (прв натпревар 17 февруари/реванш 9 март)

Лацио – Баерн Минхен (прв натпревар 23 февруари/реванш 17 март)

Атлетико Мадрид – Челзи (прв натпревар 23 февруари/реванш 17 март)

Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити (прв натпревар 24 февруари/реванш 16 март)

Аталанта – Реал Мадрид (прв натпревар 24 февруари/реванш 16 март)

ЛШ, осминафинале: Барселона го доби ПСЖ, Баерн Минхен против Лацио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот