Нејмар со помош на ФИФА ќе прави трансфер во Барселона

фото: твитер

Францускиот фудбал на скандалозен начин се врати по четиримесечната принудна пауза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, ПСЖ славеше во финалето на францускиот Куп против Сент Етјен, а натпреварот го одбележа бруталниот старт над Килијан Мбапе и тепачката која следеше потоа.

Французите по пауза од четири месеци го вратија фудбалот и веднаш се испотепаа (ВИДЕО)

Единствениот гол беше дело на Нејмар кој најави дека во одлична форма ја дочекува завршницата во Лигата на шампионите и натпреварот притив Аталанта во четвртфиналето.

Но, од друга страна „Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона не се откажува од враќањето на Бразилецот на „Камп Ноу“. Нејмар речиси цела година се поврзува со Барселона, и двете страни имаат желба повторно да соработуваат, но проблем претставуваат финансиите.

Барселона и пред избивањето на пандемијата имаше финансиски проблеми, а сега нема шанси да најде 170 милиони евра за да го врати Нејмар на „Камп Ноу“ и поради тоа се надеваат на помош од ФИФА.
Имено, има посебен член во статутот на ФИФА кој е воведен 2001 година и може да помогне да се оствари желбата на Бразилецот.

Нејмар ја завршува третата година во ПСЖ, а ново продолжување на договорот засега нема со што се исполнува условот од членот 17 во статутот на ФИФА за трансфер на играчот и регулирање на неговиот статус.
Бразилецот може да побара раскин на договорот и тоа би му ги врзало рацете на ПСЖ кој ќе мора да се согласи на понуда која би пристигнала од Каталонија. Во првиот наврат Барселона нудеше 130 милиони евра плус фудбалери, но ПСЖ ја одби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот