Нејмар со големо срце, анонимно донира милион долари

twitter.com/jovempansports

Бразилскиот репрезентативец моментно се наоѓа во самоизолација во својот луксузен дом во Мангаратиба, во близина на Рио де Жанеиро, а медиумите открија дека тој е активен во борбата против коронавирусот.

Фудбалерот на ПСЖ донирал милион долари за борбата против коронавирусот во Бразил, открива телевизијата СБТ.

Нејмар сакал донацијата да останане анонимна, но веста сепак стигнала до новинарите. Најголем дел од парите се наменети за УНИЦЕФ, а дел за фондот за солидарност кој го основа познатиот бразилски новинар Лучиано Хук.

Хук кој планира да се кандидира на претседателските избори 2022 година, неодамна објави дека собрал 300.000 долари за жителите од сиромашните квартови во Рио де Жанеиро кои се најзагрозени од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот