Нејмар сега полесно дише: Бразилецот се огласи со соопштение! (ФОТО)
И додека од спортски аспект е неизвесно дали летово ќе го напушти ПСЖ и евентуално се пресели во Шпанија, од правен аспект за Нејмар овие денови беа многу важни.
Се доби и потврда дека фудбалерот на францускиот шампион е ослободен од сите обвинувања за наводно силување.ејмар
Бразилските обвинители се откажаа од случајот за наводно силување против фудбалерот Нејмар, за крај на еден од најбизарните судски случаи против играчот на ПСЖ.
Беше обвинет дека силувал еден бразилски модел во неговата хотелска соба во Париз, но Нејмар тврди дека средбата била консензуална и воедно објави снимка на која се гледа како жената на име Нажил Тринидад го удира него. Па така, обвинителите не можаа да дојдат до докази дека се случило силување.
Една од обвинителките Естефанија Паулин вели дека имало љубовна врска, но во ниту еден момент не се докажа дека има насилство. По тој повод Нејмар се огласи на својот Инстаграм профил.
– Овој период од мојот живот никогаш нема да го заборавам од многу причини. Прво поради самата штета што ми ја направија мене, моето семејство и луѓето кои ме познаваат. Да бидам искрен, не сум среќен, туку повеќе опуштен. Оваа „лузна“ ќе ме потсетува дека луѓето можат да направат добри работи, но можат да ги направат и оние најлошите. Да, мојот свет се распаѓаше и го удирав дното. Но, како што една џиу-џица легенда веќе рекла: „Дното е финале на сè, но за нас тоа е само почеток – беа зборовите на Нејмар.