Нејмар пристигна во Барселона на преговори

Желбата на Нејмар да се врати во Барселона, најверојатно ќе му се исполни и по две години повторно ќе игра на „Камп Ноу“. Според англискиот весник „Мирор“, управата на Барселона предводена од потпретседателот Жорди Кардонер ќе одржат состанок со Нејмар. Таткото на Бразилецот, Нејмар сениор и неговиот адвокат се наоѓаат во Барселона, а на состанокот ќе биде присутен и Андре Кари, човекот кој го однесе Нејмар во ПСЖ.

Нормално, состанокот е поради сензационалното враќање на Бразилецот на „Камп Ноу“ откако Нејмар не успеа целосно да се вклопи во ПСЖ.

Се очекува договорот помеѓу Нејмар и Барселона експресно да биде постигнат по што ќе следи потешкиот дел од реализацијата на трансферот, преговорите со ПСЖ.

ПСЖ бара 120 милиони евра и двајца фудбалери за да се откаже од Нејмар кого пред две години го плати рекордни 222 милиони евра.

Додека навивачите на Барселона се радуваат на враќањето на Нејмар во Барселона, постојат и противници на трансферот.

– Би ми било помило доколку Нејмар не се врати во Ла Лига. Доколку и резултатите се добри но однесувањето на самиот фудбалер не е коректно, не би сакал да го гледам во Ла Лига бидејќи не остава впечаток за нашето натпреварување – вели Хавиер Тебас, претседателот на Ла Лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот