Нејмар подобро да не се враќа во „Ла Лига“!

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Тебас го советува Нејмар подобро да не се враќа во „Ла Лига“, доколку не го подобри своето однесување.

Бразилецот ја напушти Барселона и се пресели во редовите на ПСЖ за рекордна сума од 222 милиони евра во август 2017 година,

Но, започнаа шпекулациите изминатите неколку месеци за негово сензационално враќање на „Камп Ноу” ова лето.

– Според мое мислење, ако Нејмар се однесува добро, тој може да биде одличен играч. Но, јас лично мислам дека однесувањето и вредностите кои ги поставуваме како првенство се исто така многу важни. Преферирам друг тип играч. Нејмар е одличен фудбалер, но ако примерот надвор од теренот е несоодветен, тогаш искрено, претпочитам да не се враќа во шпанската лига – се зборовите на Тебас за шпанското радио „Онда Черо”.

Дресот на Барса го носеше во периодот од 2013 до 2017 година, освојувајќи ја титулата во ЛШ и двапати трофејот во „Ла Лига“. Беше стрелец на 68 голови за каталонскиот гигант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот