Нејмар останува во ПСЖ само доколку дојде Меси!?

фото: твитер

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар планира да го продолжи договорот со својот клуб само доколку Французите го ангажираат Лионел Меси наредното лето. Аргентинецот веќе долго време е желба на катарските сопственици кои до сега немаа вистинска можност да го реализираат „бомбастичниот“ трансфер.

Нејмар ја напушти Барселона пред три години, но оттогаш тој е во постојан контакт со најдобриот играч на каталонската екипа и не ја крие желбата повторно да играат заедно.

Како тоа ќе се постигне е друга приказна, но „Мундо Депортиво“ пренесува дека ПСЖ е навистина сериозно заинтересиран за аргентинската ѕвезда. Од париските „светци“ имаше интерес и минатото лето кога Меси сакаше да го напушти „Камп Ноу“, но не беше постигнат договор.

Лапорта одби понуда од 250 милиони евра за Меси!

ПСЖ ќе има проблем доколку не го убедат Меси да дојде, бидејќи и Нејмар и Килијан Мбапе се тогаш близу до одлуката да го напуштат „Паркот на принцовите“ и да се преселат евентуално во Шпанија. Реал Мадрид е заинтересиран за Мбапе и тоа е неговата најверојатна дестинација доколку реши да си замине, додека Нејмар го чека потегот на Меси.

Аргентинецот, како што стојат работите, ќе ги чека претседателските избори во Барселона на 24 јануари 2021 година, со цел да процени што понатаму, бидејќи е крајно незадоволен од моменталната состојба во клубот.

Меси има неделна плата близу еден милион евра неделно, а неговиот договор со клубот му истекува во јуни 2021 година. Во случај да реши да си замине, се верува дека ПСЖ би имал голема конкуренција во Манчестер сити.

Кандидат за претседател на Барселона: Меси е измамен!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот