Нејмар ослободен од обвинувањата за силување

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Истражните органи кои ги разгледуваа наводите против Нејмар за силување објавија дека случајот е затворен поради недостаток на докази.

Истрагата започна откако бразилскиот модел Нажила Триндаде ја обвини фудбалската sвезда за силување во хотелска соба во Париз во мај 2019 година.

Бразилецот ги негираше обвинувањата, откако сподели дека таа се обидела да му изнуди пари.

Тој на социјалните мрежи ја објави кореспонденцијата меѓу него и Триндаде, а подоцна се појави исечок од вечерта во хотелската соба, на кој се гледа како русокосата почнува да го удира Нејмар и да вика, а тој се брани со нозе.

Потсетување дека Нејмар направи трансфер во ПСЖ летото 2017 година за рекордни 222 милиони евра, но не сака да остане на „Парк де Пренс”. За него се вели дека сака да се врати во неговиот поранешен клуб Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот