Нејмар оди по стапките на Мбапе?!

epa08958903 Paris Saint Germain's Kylian Mbappe (R) celebrates with team-mate Neymar Jr. after scoring a goal during the French Ligue 1 soccer match between Paris Saint Germain and Montpellier HSC, in Paris, France, 22 January 2021. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Францускиот тим на лето може да остане без двете најголеми ѕвезди.

Во текот на вчерашниот ден главна фудбалска вест беше дека Килијан Мбапе им соопштил на челниците на ПСЖ дека ова лето сака да го напушти клубот и да се пресели во Реал Мадрид.
Наводно, ПСЖ се обидел да го предомисли Мбапе нудејќи му 25 милиони евра нето годишна плата и договор до 2026 година, но одличниот напаѓач три пати ја одбил понудата бидејќи не сака да се „заклучи“ со новиот договор и да чека нови пет години за да си го исполни сонот, да заигра за Реал Мадрид.

Челниците на францускиот тим, се уште неопоравени од вчерашниот шок, денеска добија ново непријатно изненадување и тоа од Нејмар.
Бразилецот и дефинитивно ги замзрнал преговорите за нов договор бидејќи сака да се врати во Барселона.

Нејмар во 2017 година за рекордни 222 милиони евра токму од Барселона се пресели во ПСЖ, но сега и дефинитивно сака да се врати назад на „Камп Ноу“. Нејмар се надеваше дека Меси на лето ќе одлучи да ја напушти Барселона и ќе му се придружи во Париз, но со доаѓањето на Жоан Лапорта за претседател на Барселона, повеќе од извесно е дека Аргентинецот на лето ќе потпише нов договор со клубот во кој е цели 20 години. Поради тоа Нејмар изразил желба да се врати во Барселона и повторно да заигра заедно со Меси, а Лапорта нема ништо против оваа идеја.

Мбапе ги шокира челниците на ПСЖ, ја соопшти конечната одлука и тоа не е единствена бомба која ја подготвува Реал

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот