Нејмар: Не сум суперхерој и совршен идол

EPA-EFE/NEIL HALL

Бразилскиот репрезентативец Нејмар е еден од најдобрите фудбалери на денешницата и поради тоа секој негов чекор е под лупа на јавноста.

– Јас не сум суперхерој и не сум совршен идол. Имам и лоши моменти во животот кога само сакам да одам дома и да се сокријам од сите, тогаш сакам да бидам со најблиските, семејството и пријателите. Јас не сум суперхерој кој може да го издржи притисокот на целиот фудбалски свет но се обидувам да бидам пример не само за моето семејство и синот, туку и за сите деца – изјави Нејмар.

https://twitter.com/FCLNJROFICIAL/status/1150438973610893313

Притисоците во последно време, Нејмар ги чувствува и на приватен и на професионален план. Неодамна бразилска манекенка го обвини дека ја силивал но случајот сè уште не е расветлен до крај. На професионален  план, тој сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона но проблемот е во големото обесштетување кое го бара францускиот шампион.

– Знам дека имам голема одговорност и се обидувам да постапувам на најдобриот начин.Најважно од се е да бидете искрени – потенцира Нејмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот