Нејмар има порака за сите Бразилци: Сонуваме за светската титула, одиме чекор по чекор

Нејмар го делат уште три победи со Бразил до светската титула во Катар/фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Нејмар се врати на терените по повредата на стартот од Светското првенство во Катар против Србија. Бразилецот постигна гол од пенал во 13 минута во победата на „кариоките“ против Јужна Кореја од 4:1 (4:0) за пласман во четвртфиналето.

Избраниците на селекторот Тите за влез во полуфиналето ќе играат против селекцијата на Хрватска.

– Бев многу исплашен кога се повредив. Добро ми оди, имав добра сезона. Не беше лесно за повреден човек како мене. Плачев цела ноќ, моето семејство го знае тоа, но некако се успеа. Вредеше да се остане до 11 часот наутро кај физиотерапевтот на лекување, а следните денови до пет или шест наутро. Се надевам дека сето тоа страдање ќе се исплати и дека на крајот ќе се случи нешто убаво – вели Нејмар.

Тој е свесен дека оваа репрезентација на Бразил може многу и дека целта на овој Мундијал е јасна.

– Време е да продолжам. Сонуваме за титулата, тоа е очигледно, но мораме да одиме чекор по чекор. Ова беше четврти натпревар, уште три до крајот. До таа титула – се насмеа Нејмар.

Успеа да постигне нешто што успеаја само Пеле и Роналдо – да постигне барем еден гол на три светски првенства.

– Тешко е да се зборува низ што минува Пеле, но му посакувам ѐ најдобро, брзо да закрепне и да му биде полесно поради нашата победа и тој транспарент на крајот што му го посветивме. За мене тоа што го направив е голема работа, горд сум на тоа. Успеав нешто за што можев само да сонувам. Многу сум среќен – се зборовите на бразилскиот напаѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот