Нејмар и Барселона, Бразилецот донесе конечна одлука

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Сега веќе поранешниот претседател Хосеп Марија Бартомеу никогаш не се обиде да го ангажира Нејмар туку само во јавноста создаваше слика дека работи на трансферот, а како што стојат работите ниту новата управа нема да работи на овој трансфер.

Бразилецот Нејмар конечно пресече и одлучи да не се враќа на „Камп Ноу“ и повторно да го носи дресот на Барселона. Имено, актуелниот договор на Нејмар истекува во 2022 година и веќе и соопштил на управата на ПСЖ дека сака да го продолжи со што пропаднаа сите надежи за враќање во Барселона.

Иако во текот на летото беше подготвен да му се преполови платата само за да се врати на „Камп Ноу“ од каде си замина во 2017 година, сега веќе нема намера да се откажува од парите, а и самиот е свесен дека Барселона нема финансии за да го реализира трансферот.

ПСЖ веќе му нуди да потпише нов петгодишен договор со кој ќе заработува 40 милиони евра по сезона со што ќе  се стави крај на шпекулациите за неговата иднина во францускиот шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот