Нејмар го замени ПСЖ со јужнокорејскиот Улсан (ФОТО)

фото: принтскрин/инстаграм

Јужнокорејскиот фудбалски прволигаш по повод 1 април, денот на шегата, по пат на своите социјални мрежи објави трансфер на бразилската ѕвезда.

Екипата на Улсан Хјундаи моментно е во потрага по нов квалитетен крилен напаѓач, откако клубот во 2018 година го напушти хрватскиот репрезентативец Мислав Оршиќ.

Јужнокорејскиот фудбалски прволигаш по повод 1 април, денот на шегата, по пат на своите социјални мрежи објави трансфер на бразилската ѕвезда.

Навивачите на оваа екипа веќе заборавија на Оршиќ, а денеска беа од доста „изненадени“ од трансферот кој го објави нивниот клуб.

28-годишниот Нејмар е претставен како ново засилување на тимот, мора да се признае дека Јужнокорејците се потрудиле одлично да ја направат оваа фотографија.

Секогаш после блескава кариера, играчите пред заминувањето во пензија, прават трансфери и во останатите континенти, како САД, Азија, а на крајот на краиштата кој знае, можеби Нејмар ќе се одлучи еден ден да заигра и за јужнокорејски клуб.

Бразилецот ги брани боите на францускиот ПСЖ, а до прекинот на сезоната во „Лига 1“. (поради пандемијата на коронавирусот), за париските „светци“ имаше учинок од 13 голови во 15 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот