Нејмар го провоцира ПСЖ, виси трансферот во Барселона?

Фото: EPA/ALEJANDRO GARCIA

Бразилскиот репрезентативец Нејмар се очекува во текот на денот да пристигне во Париз и веднаш да одржи состанот со директорот на ПСЖ, Леонардо. Темата на разговорот ќе биде желбата на Нејмар да го напушти францускиот тим и да се врати во Барселона.

Тој со своите постапки се обидува да ги натера челниците на екипата конечно да попуштат и да му дозволат да си замине за разумна цена. Нејмар минатиот понеделник не се појави на стартот од подготовките на екипата, наместо тоа, замина во Торино каде заедно со Кристијано Роналдо снимаа реклама за „Најки“. Згора на тоа, Нејмар викендов изјави дека најдрагата победа во кариерата му е триумфот од 6:1 на Барселона токму над ПСЖ.

Сепак, за Нејмар доаѓаат лоши вести од Барселона бидејќи се замешаа и шпанските власти. Даночната полиција на Шпанија покрена истрага против Нејмар за неговиот престој во Барселона и дојде до заклучок дека тој на шпанскиот даночен систем му должи 35 милиони евра.

Со овој потег на даночната полиција се компликува неговото враќање во Барселона, а со слични обвинувања Нејмар се соочува и во родниот Бразил каде властите му замрзнаа дел од имотот во вредност од 16 милиони евра.  Причина за тоа е неговиот трансфер од Сантос во Барселона, но во истрагата, Нејмар не е главен осомничен, туку неговиот поранешен клуб и тоа поради финансиски малверзации и затајување на данок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот