Нејмар го провоцира ПСЖ, виси трансферот во Барселона? - Слободен печат

Нејмар го провоцира ПСЖ, виси трансферот во Барселона?

Бразилскиот репрезентативец Нејмар се очекува во текот на денот да пристигне во Париз и веднаш да одржи состанот со директорот на ПСЖ, Леонардо. Темата на разговорот ќе биде желбата на Нејмар да го напушти францускиот тим и да се врати во Барселона.

Тој со своите постапки се обидува да ги натера челниците на екипата конечно да попуштат и да му дозволат да си замине за разумна цена. Нејмар минатиот понеделник не се појави на стартот од подготовките на екипата, наместо тоа, замина во Торино каде заедно со Кристијано Роналдо снимаа реклама за „Најки“. Згора на тоа, Нејмар викендов изјави дека најдрагата победа во кариерата му е триумфот од 6:1 на Барселона токму над ПСЖ.

Прочитајте и...  Хрватските ракометари пречекани од 10.000 навивачи во Загреб (ВИДЕО)

Сепак, за Нејмар доаѓаат лоши вести од Барселона бидејќи се замешаа и шпанските власти. Даночната полиција на Шпанија покрена истрага против Нејмар за неговиот престој во Барселона и дојде до заклучок дека тој на шпанскиот даночен систем му должи 35 милиони евра.

Со овој потег на даночната полиција се компликува неговото враќање во Барселона, а со слични обвинувања Нејмар се соочува и во родниот Бразил каде властите му замрзнаа дел од имотот во вредност од 16 милиони евра.  Причина за тоа е неговиот трансфер од Сантос во Барселона, но во истрагата, Нејмар не е главен осомничен, туку неговиот поранешен клуб и тоа поради финансиски малверзации и затајување на данок.

Прочитај повеќе

Успешни прегледите, Интер ќе го промовира Ериксен! (ФОТО)

Слободен печат

Коланџело: Коби Брајант во „Куќата на славните“!

Слободен печат

Димитриевски го продолжи договорот со Рајо Ваљекано! (ФОТО)

Слободен печат

Играчите на Барселона не му „веруваат“ на Сетиен!?

Слободен печат

Денот кога Коби Брајант постигна 81 поен! (ВИДЕО)

Слободен печат

Би-Би-Си се посрамоти: Наместо Брајант го „погреба“ Леброн Џејмс

Слободен печат

Остави Коментар

16 − eight =

Прочитај повеќе

Хрватските ракометари пречекани од 10.000 навивачи во Загреб (ВИДЕО)

Слободен печат

МЗТ Скопје си донесе центар на Турција

Слободен печат

Надал посилен од Кирјос за 12. четвртфинале на Австралија Опен.

Слободен печат

Фановите покренаа петиција да се смени логото на НБА во чест на Коби

Слободен печат

Синиша Михајловиќ повторно примен во болница

Слободен печат

Динар го плати цехот на катастрофата на ЕП: Повеќе не е селектор на Франција

Слободен печат