Нејмар доби црвен картон за да оди на карневалот во Рио!?

фото: твитер

Француските медиуми веднаш се распишаа дека Нејмар секој пат во овој период од годината или е повреден или е под суспензија..

Само што француските медиуми објавија дека Нејмар, конечно, нема да оди на роденденот на сестра му, но и на карневалот во Рио де Жанеиро, стигна демант.

Бразилската ѕвезда во дресот на ПСЖ доби црвен картон во синоќешниот меч со Бордо и се ослободи од обврски кон „светците” за наредниот период што влева доза на сомнеж за начинот на кој успеа да издејствува слобода.

Исклучувањето се случи во судиското екстра време на натпреварот и тоа на средина на теренот.

Француските медиуми веднаш се распишаа дека Нејмар секој пат во овој период од годината или е повреден или е под суспензија за да може да „избега” на неколку дена до Рио, но и да биде дел од роденденската забава на сестра му.

Сè уште е непознато на колку време ќе биде суспендиран, но претпоставките се дека ќе добие два меча што е доволно време да „скокне” со прочуениот карневал во олимписко Рио кој трае до 26 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот