Неизвесна посетата на Трамп во Москва по повод Денот на победата над фашизмот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека размислува околу поканата на рускиот колега Владимир Путин да присуствува на комеморативната свеченост по повод Денот на победата над фашизмот во Москва на 9 мај.

– Благодарам на поканата. Настанот е на среде политичка сезона, па не сум сигурен дали ќе стигнам, но би сакал да одам доколку можам, истакна Трамп.

Тој нагласи дека е „голема работа” да се прослави крај на војна.

Путин раководи со организирањето на парадата, со која на величенствен начин ќе биде одбележана 75-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека „сè уште не е добиен официјален одговор од американскиот претседател за неговото присуство на парадата на 9 мај во Москва”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот