Неисплатените плати присилно ќе се наплатат и префрлат кај работниците

денари
Денари / Фото: Архива на Слободен печат

Над 300 работодавачи до 2 февруари, односно по исплатата на државната помош за исплата на плати, досега не им ги исплатиле парите на своите работници, информираше Сања Лукаревска, директор на Управата за јавни приходи. До нив се доставени опомени, а по истекот на рокот ќе следи постапка на присилна наплата со блокада на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на сметките на работниците, рече Лукаревска.

-Станува збор за износ од 16,3 милиони денари, кој што им се должи на 992 вработени, бидејќи управителите не ја исполниле обврската за исплата на плата. Речиси една третина или 78 од претпријатијата се од дејноста трговија на мало. Секој управител треба да знае дека кривично ќе одговара, бидејќи тој стои зад веродостојноста на податоците која ги дава секоја компанија кога аплицира за оваа помош – додаде директорката на УЈП.

Од првиот циклус на исплата на помош за плати, 109 компании за април, мај и јуни не исплатиле и кај нив се извршени контроли заедно со Државниот инспекторат за труд , за што следната недела, ќе има заедничко известување од епилогот.

Инаку, за декември 13.160 работодавачи, добиле 961 милиони денари државна помош за исплата на платите за тој месец.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот