Неговите фотографии станаа вирални: Млад британец дал отказ и продал се што има за со својата ласица да патува низ целиот свет (ФОТО)

„Патувањето е највозбудливото искуство во мојот живот и потполно е ослободувачки.“, вели Хамертон.

Чарли Хамертон и неговата ласица Бандит патувале низ 11 земји во светот, откако ова 25-годишно момче дало отказ во компанијата „Royal Air Force“ и купило камп приколка, пренесува СВНС.

Момчето од Англија го продал цел свој имот во вредност од 20.000 долари и заминал на осуммесечно патување со својот „крзнен сопатник“.

– Патувањето е највозбудливото искуство во мојот живот и потполно е ослободувачки. Ние двајца го следевме сонцето на речиси сите делови од светот и кампувавме под ѕвездите, во преубави места, рекол Хамертон за СВНС и додава дека ласицата Бандит му е најдобар пријател.

Тој вели дека сега има многу помалку пари, но дека повеќе вреди како личност. Ова интересно патување му било многу потребно, бидејќи во една година доживеал три големи загуби: починале неговата биолошка мајка, мајката која го израснала и неговиот најдобар пријател. Мрачната страна на животот го натерала на драстични промени.

? Just 2 more hours to get ma book for freeeeee! ?follow the link for the ebook ⬇️⬇️⬇️⬇️I’m gonna start charging you…

Publiée par Adventures with Charles Hammerton sur Lundi 6 janvier 2020

– Потребно беше многу храброст за да се одлучам на овој чекор. Живеам во убав стан, имам добра работа и три автомобили. Имав и доволно заштедено и можам да речам дека имав среќа, бидејќи бев толку осигуран – вели Хамертон, но додава дека цел тој имот едноставно не му значел.

Својата ласица, ова младо момче ја посвоило пред пет години, и од тогаш се неразделиви. Вели дека нејзиното присуство му било од голема помош во болните моменти на животот. Заедно посетиле 25 градови за осум месеци, а сега поголемиот дел од времето патуваат низ Англија. Хамертон работи во училиштата каде ги учи децата за доверба и вештини на преживување.

Publiée par Adventures with Charles Hammerton sur Mercredi 24 avril 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот