Неготинец кој студира медицина во Русија ќе помага на докторите во Здравствениот дом во Неготино

Скопје, 3 јуни 2020 / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Неготинец кој студира медицина во Русија се пријави доброволно да волонтира во Здравствениот дом во Неготино, информираа денеска од таа јавна здравствена установа.

– ЈЗУ Здравствениот дом во Неготино изразува особено голема благодарност до нашиот колега Ване Цветковски, студент од шеста година на Медицинскиот факултет во Санкт Петербург, Русија, кој се пријави доброволно да волонтира и да помага на своите колеги во лекувањето на пациентите во оваа тешка пандемија. Ова е уште еден доказ дека во оваа битка не сме сами и е уште поголем мотив дека мора да издржиме сите заедно. Ти благодариме млад колега. Твоето присуство меѓу нас ни го оттргна заморот и ни даде сила да продолжиме со уште поголем ентузијазам. Вие драги наши сограѓани само почитувајте ги препораките, напишаа од Здравствениот дом на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот