Неготинец го нападнал момчето што било во врска со неговата малолетна внука

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Жител на Неготино вчера попладне физички нападнал момче кое било во љубовна врска со неговата внука, истакна денеска портпаролот во СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Вчера околу 15 часот во Неготино на улица „Мaршал Тито”, малолетничка и 19-годишно момче со кого била во љубовна врска, биле пресретнати од страна на нејзиниот 44-годишен  вујко. Според пријавеното, вујкото со сила ја качил малолетната внука во својот автомобил и физички го нападнал момчето, бидејќи не ја одобрувал врската. Се работи на расчистување на случајот, појасни Додевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот