Неготинец со возило удрил во пешак и тешко го повредил, па потоа се степале

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Синоќа во 19.45 часот на паркинг на улицата „Маршал Тито“ во Неготино, патничко возило „мерцедес” со неготински регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(38) од Неготино, удрило во пешакот В.А.(44) од Неготино.

Веднаш потоа настанала и физичка пресметка помеѓу нив. Во несреќата В.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот