Неготинчанец се претставувал лажно, земал пари и нудел работа во Германија

Оштетениот, во неколку наврати уплатил парични средства од 106.790 денари на сметката на пријавениот за да му средел работа во Германија.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.К.(32) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“, инфомрира МВР.

-Пријавениот во периодот од 30.08.2016 до 23.09.2016 преку огласна страна ,,најди работа“ го довел во заблуда оштетениот Г.М. од Кочани претставувајќи му се како лице кое посредувало за вработување во Р.Германија- наведуваат од МВР во дневниот билтен.

Оштетениот, во неколку наврати уплатил парични средства од 106.790 денари на сметката на пријавениот за да му средел работа во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот