Негодувања за пензиските реформи: Со реформата е премиената „црвената линија”

Веднаш по говорот на премиерот Едуар Филип во Социјалниот, економскиот и еколошкиот совет на Франција, каде ја претстави реформата на пензискиот систем, синдикатите негодуваа и сметаат дека е премината „црвената линија, јавува дописникот на МИА.

Имаше долг аплауз, но и негодувања… На крајот на говорот на Едуар Филип за пензиската реформа, некои членови на Советот, синдикалисти од ЦЖТ, подигнаа десетина постери за споделување на нивното незадоволство, како што забележа Европа 1. „Пензија на поени = помалку пензија”, можеше да се прочита на некои плакати Одговор на премиерот кој претходно ги фалеше придобивките од системот на поени кој ќе треба да сеприменува со реформата на пензииите.

Синдикалистите ја оправда операцијата велејќи:

-Јасно е дека тој се обиде да го подели синдикалното движење. Тој се обидува малку да им даде на едните или на другите за да ги скара. Тоа е стара игра, изјави еден од нив  за радиото Европа 1.

Лоран Берже, генералниот директор на синдикатот ЦФДТ-најголемиот синдикат во Франција, кој се досега не учествуваше во штрајкот и протестите, оцени дека: 

-За ЦФДТ имаше една Црвената линија, таа линија е помината, Тој притоа ја посочи одлуката за старосната граница за заминување во пензија, која останува на 62 години но со ббонусили малус, со мислење на владата дека е подобро да се замине во пензија на 64 години, што значи дека ќе се работи подолго за помала пензија.

Слични се реакциите и во другите синдикати, посебно кај тој на железничарите кои масовно штрајкуваат.

Нивниот конечен одговор ќе биде познат вечерва, кога се состануваат раководствата на синдикатите каде ќе се одлучува за продолжување на штрајкот и протестите. Синдикатот СЖТ повика на „засилување” на штрајкот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот