Негативни се тестовите, Тодоров на првиот тренинг со 12 играчи!

Фото: kfsm.mk

Здравствената комисија на федерацијата ги реализираше планираните тестирања за коронавирусот, кои беа неопходни за „влез“ во периодот на подготовките за настап на нашиот сениорски национален тим на квалификацискиот турнир во Талин.

Беа тестирани сите репрезентативни кандидати, вклучително и стручниот штаб, кои во овој момент се во Скопје.

А резултатите се според посакувањата, желбите на нашиот стручен штаб, предводен од селекторот Александар Тодоров, информираат од македонската кошаркарска федерација. Сите планирани добија негативен наод од лекарскиот тим на федерацијата.

На конечниот список на играчи кои вечерва од 18.00 часот, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје треба да го одработат ги нема имињата на Андреј Андоновски, кој пријави повреда на скочниот зглоб, заработена на последниот тренинг на МЗТ Скопје Уни Банка, и Јетмир Зекири, од приватни причини.

Естонија ќе ја има публиката против најдобрите македонски кошаркари!

Откако беа уредно тестирани и сите добија негативен наод, следниве играчи треба да се јават на првиот собир на нашиот сениорски национален тим:

Љубомир Младеновски (Работнички)

Виктор Ефремоски (Работнички)

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Марко Симоновски (Кожув)

Андреј Митревски (ТФТ)

Дамјан Робев (Куманово)

Бојан Трајковски (Пелистер)

Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)

Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот