Петмина собраниски службеници и неколкумина пратеници се негативни на ковид-19 поради контакт со пратеникот и претседател на Комисијата за финансирање и буџет Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој вчера објави дека е позитивен на вирусот.
Поради состојбата на Муцунски и тестирањето на тие што биле со него во контакт во Собранието, беше одложен почетокот на продолжението на амандманската расправа за Буџетот за 2021, но по добивањето на резултатите се очекува таа попладнево да продолжи.
Пратеникот Тимчо Муцунски објави дека е позитивен на ковид-19
Поради отсуството на Муцунски, седницата ќе ја води потпретседателката на Комисијата, пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вчера попладне објави дека е позитивен на коронавирус.
Одложена амандманската расправа за Буџетот, вработени и дел од пратениците се тестираат за ковид-19