Негативен рекорд во НБА, Клиперси со негатива од „минус 50“!

Фото: EPA-EFE/ALEX GALLARDO

Далас после првото полувреме на дуелот од НБА лигата против Клиперси верувале или не стекнаа предност од 50 поени разлика.

Поточно, на паузата Маверикси заминаа со неверојатна предност против составот од Лос Анџелес (77:27).

Понижување какво што не сме виделе во најсилната лига на светот, тоа е инаку најголемата позитива на паузата во историјата на ова натпреварување.

Напомена дека во редовите на Клиперси ги нема Маркус Морис и Кавај Ленард, но и Далас не е комплетен, односно без Кристапс Порзингис.

Досегашниот рекорд беше во ноември 1991 година, со +47 за Голден стејт вориорс против Сакраменто кингс. А во меѓувреме најблиску до истиот во 2014 година интересно беше Далас Маверикс со +44 од 73:29 после првото полувреме против Филаделфија сиксерс.

Харден сака да си оди од Хјустон по секоја цена, се искара и со соиграчите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот