СОВЕТИ ЗА УБАВИНА: Кои се најчестите грешки кои ги правиме?

Anthony Tran/Unsplash

Можеби мислите дека веќе имате усвоено правилни начини на нега и дека не правите грешки кога се шминкате, но размислете уште еднаш за тоа.

Најчести грешки се прават при миењето коса, нанесувањето бронзер, изборот на крема за лице…

Погледнете кои се тие пропусти и дали и вие ги правите:

Плакнење на косата со жешка вода

Сите уживаме под топол туш, но размислете како тоа влијае врз вашата коса. Жешката вода најмногу ѝ штети на масната коса, додека сувата може дополнително да ја исуши. Ако ја плакнете косата со млака до ладна вода ќе ја заштитите, а и ќе биде посјајна.

Нанесување маскара

Кој би рекол дека и тука можете да направите грешка? Но, размислете дали пред да ставите маскара и по неколку пати ја „брцнувате“ во шишенцето. На тој начин нема да „уловите“ повеќе маскара, туку само ќе ја исушите, бидејќи пумпате воздух внатре.

Масла за коса

Маслата за коса создаваат дополнителна заштита на тенката и кршлива коса. Кога имате нанесено масло, избегнувајте преса или фен, бидејќи точно знаеме како маслата реагираат при топлина. Пред да го измиете маслото, испланирајте да делува на косата неколку часа, а најдобро е да го оставите преку ноќ.

Бронзер и контури

Бронзерот и хајлајтерот содржат сјајни пигменти и освен ако не ви е целта да постигнете лампион-изглед, тогаш за контури користете пудри и коректори за таа намена. Бронзерот и хајлајтерот само го дополнуваат изгледот, а не го креираат.

Крема за под очи

Кремата за очи не се нанесува со триење, туку со нежно тапкање. Нанесувајте ја само за делот за кој е наменета, било да се работи само за под очите, за горниот капак или за целиото подрачје. Исто така, користете ја препорачаната количина и ни капка повеќе или помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот