Неформалното писмо на Трамп до Ердоган ја изненади јавноста

Американскиот претседател Доналд Трамп на 9 октомври, на денот на почетокот на турската акција во североисточна Сирија, наводно му напишал писмо на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во кое го предупредил, доколку ситуацијата во Сирија не биде решена на хуман начин, дека во историјата ќе биде запаметен како ѓавол.

На почетокот на краткото писмо, што на Твитер го објави новинарката на Фокс, Триш Реган, американскиот претседател на својот турски колега наводно му предлага да постигне „добар договор”.

– Не сакате да бидете одговорен на масакр на илјада луѓе, а јас не сакам да бидам одговорен за уништувањето на турската економија, а ќе го сторам тоа – навел Трамп, кој веќе воведе некои санкции кон Турција и се заканува дека ќе ги прошири на начин што тие ќе бидат уништувачки за турското стопанство.

Во писмото Трамп истакнува дека тешко работел за да се решат некои од проблемите на Турција и на Ердоган му порача да не го разочарува светот.

Додава дека Ердоган може да добие одличен договор и дека курдскиот генерал Мазлум Кобани е подготвен да преговара со него.

– Тој е подготвен да ви даде отстапки какви Курдите никогаш во историјата не дале – наведува американскиот претседател и додава дека на Ердоган му го испраќа писмото на курдскиот генерал кое штотуку го примил.

– Историјата на вас ќе гледа со одобрување доколку ова го изведете на хуман начин, но ќе ве запамети како ѓавол доколку не се случат добри работи. Не бидете ‘опасно момче’. Не бидете будала – заклучи Трамп.

Се очекува официјална потврда од Белата куќа за веродостојноста на содржините во писмото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот