Нефи Усеини предизвикал нов инцидент, натепал конкурент во наддавање за тезги на охридскиот кеј

нефи усеини
Нефи Усеини, советник од ДУИ во Општина Охрид, Фото: Архива

Советникот од ДУИ во охридскиот општински совет, Нефи Усеини, предизвикал нов инцидент, кога со тупаници нападнал сограѓанин и конкурент во наддавањето за тезгите на охридскиот кеј, објави „А1он“. Ова е негова четврта физичка пресметка во изминатите три години.

Според информациите кои ги објави „А1он“, инцидентот се случил во просториите на Општина Охрид. Таму, советникот Усеини се сретнал со 56-годишниот сограѓанин, а откако ги зеле бројчињата за системот за наддавање за тезгите поставени на кејот, дошло до вербална расправија, а потоа и до удари со тупаници. Охридската полиција го потврди инцидентот, како и тоа дека напаѓачот бил Усеини.

„На 21.06.2022 година околу 15.30 часот на улицата ‚Димитар Влахов’ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.У. врз Т.В.(56), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од СВР Охрид.

Новиот инцидент каде Усеини физички се пресметува доаѓа во време додека тој заедно со неговиот брат чека пресуда од охридскиот суд за насилство. Предметот за претепувањето на нивниот сограѓанин Спиро Топалоски, е во судска завршница, потсетува „А1он“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот