Неексплодирана граната пронајдена во нива во Охридско со потекло од Првата светска војна

Архива: Граната / Фото: МИА

Неексплодирана граната била пронајдена во нива во охридското село Лескоец. Според информациите на МВР, вчера, во 17 часот, во полиција било пријавено дека во нива во охридското село Лескоец била пронајдена граната.

Од извршениот увид било констатирано дека се работи за неексплодирана артилериска граната во калибар од 55 милиметри, која потекнува од периодот на Првата светска војна.

Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Центарот за управување со кризи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот