Недвед: Пирло и Роналдо ќе останат во Јувентус

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Павел Недвед тврди дека Андреа Пирло и Кристијано Роналдо ќе останат во Јувентус и инсистира на тоа дека Старата дама „ќе се бори до крај“.

Потпретседателот на Јувентус ја потврди својата доверба во тренерот и покрај убедливиот пораз од Милан во Серија А на домашен терен (0:3).

– Има некои тешкотии, но ние ќе се бориме до крај – рече Недвед.

„Бјанконерите“ се на петтото место на табелата во Серија А и доколку останат на таа позиција, следната сезона нема да бидат дел од Лигата на шампионите.

А тоа воедно значи дека иднината на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо во клубот исто така ќе биде доведена во прашање.

Но, поранешното чешко крило негираше дека поранешниот играч на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед ќе се раздели со „Старата дама“.

-Пирло и Роналдо ќе останат во Јувентус – додаде Недвед.

Гравина се заканува дека ќе го исклучи Јувентус од Серија А!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот