Недоволни ниту 47 поени на Стеф Кари, Торонто повторно поведе во финалето (ВИДЕО)

Кошаркарите на Торонто репторс го вратија брејкот на Голден стејт и ја вратија предноста во финалната серија од плејофот во НБА лигата.

Рано утрово во Оукленд, канадскиот тим победи со 123:109 и поведе со 2-1 во серијата прв до четири победи.

Ниту 47-те поени на Стеф Кари не беа доволни актуелниот шампион да го избегне поразот.

Во победничкиот тим најефикасен беше Кавај Ленард со 30 поени.

Четвртиот дуел ќе се игра на 8 јуни исто така на теренот на Голден стејт.

https://www.youtube.com/watch?v=3DFMN9JOhy0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот