Недостиг на гориво, затворени бензински: Како Британија дојде до ваков проблем?

Недостиг на гориво во Британија/ Фото EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Бензинските пумпи во Велика Британија денеска се затворени поради проблеми со испорака на гориво. На најмалку 100 бензински пумпи во сопственост на компанијата „БП“ им недостасува барем еден вид гориво, а некои се целосно празни. 

Што предизвикува криза во снабдувањето со бензин и кои се решенијата – и дали има причина за паника?  

Не е недостатокот на бензин, туку недостаток на возачи на „ХГВ“ камионите. Тоа е она што најмногу ги погоди синџирите за снабдување со гориво низ цела Британија. Недостатокот се надополнува со потребата за посебна квалификација потребна за испорака на опасните материи, пишува Гардијан.  

Британската влада ги повика луѓето да не паничат. Министерот за транспорт, Грант Шапс, рече дека луѓето „треба да продолжат да живеат нормално“. Но, Британците ја игнорираат владата. Денеска почнаа да се појавуваат долги редици на бензинските пумпи низ цела Англија.  

Дали проблемите со синџирот на снабдување се навистина толку лоши?  

Три од најголемите британски бензински станици предупредија за недостаток на гориво, а БП потврди дека на 100 од нејзините станици им недостасува барем еден вид гориво, а некои се принудени целосно да затворат. Сепак, ова е само мал дел од нивната силна мрежа, која опфаќа 1,200 бензински станици во Британија.  

Каде најмногу се чувствува недостатокот?  

Гордон Балмер, извршен директор на Асоцијацијата на малопродажни трговци (ПРА), изјави дека во некои локации луѓето се принудени да чекаат со часови, особено оние во близина Лондон и југоисточна Англија.  

Што прави индустријата?  

„БП“ соопшти дека ги намалува испораките на околу 90% од своите станици во обид рамномерно да ги распредели залихите. ПРА ги повикува луѓето да не паничат, но ги советува возачите да ги чуваат резервоарите полни во случај тие да мора да возат до некој друг град како би ги наполниле.  

Колку е лош овој проблем за еден возач на камион?  

Индустријата проценува дека има недостаток од околу 100.000 возачи на камиони, делумно поради ковид, делумно поради Брегзит. Околу 25.000 возачи на ХГВ од ЕУ го напуштија работното место во текот на 2020-та година, а 40.000 чекаат да ги направат своите ХГВ приемни тестови.  

Асоцијацијата за транспорт и патишта вели дека владата не го сфаќа проблемот доволно сериозно.  

„Просечната возраст на возач на камион во Обединетото Кралство е 57 години, секој ден овој проблем само се влошува бидејќи се повеќе и повеќе возачи се пензионираат“, рече Род Мекензи, директор на РЗА.  

Кои се решенијата?  

Товарниот и логистичкиот сектор со месеци ја молат владата да воведе привремено ослободување од имиграција за возачите не само во Европа, туку и низ целиот свет за да им помогне во ублажувањето на недостатокот. Но, засега нема никакви промени околу овој проблем. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот