Недостаток на кислород во мозокот е причина за бегството на пациентот од Пробиштип од штипската модуларна болница

Клиничка болница - Штип
Клиничка болница - Штип / Фото: МИА

 Состојба на хипоскија, односно недостаток на кислород во мозокот е причина за бегството на 75-годишниот пациент од Пробиштип од штипската модуларна болница, кој на 24 април на полноќ успеал сам ја отклучи вратата од задниот влез и на 50 метри во околната уличка починал. Полицијата го пронајде по еден час, а обдукцијата покажа дека причина за смртта е тешката бронхопневмонија. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека извештајот од Комисијата за квалитет е пристигнат кај него и го доставил до надлежните институции, кои треба да утврдат дали има пропуст и одговорност кај здравствениот персонал.

– Меѓутоа морам да го кажам следното, најпрвин како човек да изразам сочувство на семејството на починатиот човек. Тоа е најважно и човечки во моментов, а втората работа е и да настапам малку и докторски. Јавноста мора да знае дека битката со овој вирус не е само терапијата и лекувањето. Ние имаме, сме имале и најверојатно ќе имаме и понатаму сериозни здравствени проблеми и од друг тип, којшто не се поврзани само со тешкотиите со дишењето, коагулацијата. Возраста, типот на овој вирус и хипоскијата мозочна,што ја имаат сите потешки случаеви, неретко и нееднаш имаме ситуации во кои пациентите се исклучително вознемирени, агресивни, дезорентирани. Тоа многу често ни се случува, сме имале случаеви, во којшто настрадувал и дел од инвентарот, па сме имале и неколку непријатни ситуации меѓу таков тип на пациенти и нашиот персонал, којшто завршувал и со физички контакти. Но, сето тоа е било во рамките на болеста, којашто за жал дава такви симптоми, вели Ѓеорѓијев.

Посочи како болница имаат обезбедување, но штипската Клиничка болница е од разбиен тип, во којашто има повеќе згради. Најави дека откако ќе се донесе заклучокот од страна на надлежните институции, јавноста ќе биде информирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот