Недостаток на емпатија или каење меѓу партнерите ја уништува врската

unsplash
Околу девет проценти од децата на возраст од 2 до 17 години имаат функционални тешкотии во најмалку еден домен, според одговорите на нивните мајки/старатели/ Фото: МИА

Концептот на токсична личност не е лесен за објаснување, но постојат низа однесувања кои несомнено штетат на партнерството, особено ако се повторуваат често, вели психологот д-р Дајан Гранде за „Psychology Today“.

Гранде вели дека четирите најштетни модели на однесување во односите најчесто се агресивно однесување, недостаток на емпатија или каење, манипулација и измама како и проблеми со правилата меѓу партнерите.

Ова не е сеопфатен список на лоши навики, туку опис на најсериозните, кои, кога ќе ги забележите, едноставно е време да кренете црвено знаменце за да избегнете проблеми во врската“, истакнува таа.

unsplash

Агресивно однесување

Сигурно сте биле сведоци на агресивно однесување. Ова веројатно е најочигледниот и во исто време наопасниот знак за токсична личност. Живеењето со таква личност го прави секојдневјето непредвидливо, многу стресно и несигурно. Иако можеби на почетокот агресијата не е видлива, во одреден момент веројатно ќе се насочи кон партнерот.

Вашиот партнер редовно завршува дискусии со закани дека ќе ве напушти или се повлекува во себе без да разговара? Доколку кавгата трае со денови, без иницијатива да се реши проблемот – ова се знаци на слаба способност за регулирање на сопствените чувства, што воедно е критична вештина за конструктивно решавање на проблемите.

Ако често се чувствувате како да одите по лушпи од јајца, се плашите од несакана рекација на секој ваш коментар кој не би требало да предизвика таква реакција, таа непријатност доведува до нестостаток на вистинска интеркација.unsplash

Недостаток на емпатија или каење

Вашиот парнер ретко покажува разбирање кога ќе доживеете некое разочарување или загуба. На пример, можеби нема да ја препознае вашата тага кога ќе изгубите сакана личност. Честопати не е во можност да ја разбере вашата гледна точка… Тоа се нарекува когнитивна емпатија и претставува способност да разберете како се чувствува другиот во одредена ситуација, што можеби на вашиот партнер му недостасува како карактерна особина.

Вашиот партнер можеби не може да се извини и да покаже жалење што неговите постапки ве вознемируваат, без оглед дали предизвикале штета. Не покажува чувство на вина кога очигледно ви наштетил вам или на некој друг. Тоа е целосен недостаток на можност за покајание или чувство на вина…

Манипулација и измами

Парнерот често ве мами или суптилно ја искривува вистината. Во основа комуницира површно, со заобиколување на фактите, честопати во своја корист, оставајќи ве да ги доведете во прашање вашите сопствени чувства. Ова однесување ја уништува вашата доверба во другиот и дури може да ве натера да се сомневате во сопствениот разум.

unsplash

Проблеми со правилата

Вашиот партнер бара да се прави сè што тој или таа смета дека е прифатливо и не ги почитува вашите желби. Често се случува да развијат премногу контролирачко и перфекционистичко однесување, насочено кон другиот. Ова е особено штетно кога се убедени дека сè треба да се направи според нивните верувања и стандарди.

Споменативе примери се релевантни за задоволството во врската, а особено за ризикот од појава на криза меѓу парнерите. Било кое од овие однесувања, освен физичката агресија, може да се појави повремено, на пример кога вашиот партнер е под голем стрес  или е многу ицрпен.  Понекогаш се случува да излаже за да избегне повреда на нечии чувства, нема да покаже емпатија доколку е истрошен, ниту пак ќе сака да разговара за некои работи – ова се нормални појави.

Но, доколку живеете со некој што редовно покажува некои од овие однесувања, разговарајте со некој на кој му верувате и кој може да ве поддржи за да се справите со ситуацијта на најдобар можен начин. Ако сте во нова врска со некој што демонстира вакво однесување, не ги игнорирајте овие ситуации, бидејќи подоцна, многу потешко ќе се реши проблемот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот