Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Ѓ. (25) од с. Зрновци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.
Пријавениот на 7 јануари на социјалната мрежа „Фејсбук” споделил објава со која во јавноста поттикнал омраза и повикувал на насилство.