НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Овните точно знаат каде целат, Девиците може да бидат критикувани

Фото Профимедиа

Што ќе ви донесат следните седум денови кога се во прашање љубовта, здравјето и работата.

ОВЕН

Со добра проценка ќе можете да го стесните правилниот избор на вашиот тим со кој ќе целите кон нови работни успеси. Мора да бидете енергични. Со своето расположение ги освојувате сите околу вас, а кога сте добро расположени, за вас нема цел која не можете да ја достигнете. Ова важи и на поле на романсата.

БИК

Ситуацијата околу вас брзо се менува, но вие успешно можете да го предвидите секој можен исход. Држете се до правилата и не експериментирајте. Некои обврски ако треба, одложете ги за подоцна. Пријателите ќе ве радуваат со своите постапки. Се наоѓате во стабилна емотивна фаза и ќе доживеете остварување на некои свои слатки фантазии.

БЛИЗНАЦИ

Имате дефинирани планови и визија, но и точно одредени приоритети кога се работи за работата. Слушајте ги и сугестиите на своите соработници, некој ве насочува кон вистинското решение. Расположението ви е променливо, а некои односи ви се нејасни. Потпрете се на својата интуиција, таа навистина никогаш не ве изневерува.

РАК

Во најголем дел од времето сте насочени кон големи идеи и можности за успех. Умеете да ги зачувате работните интереси и не дозволувате никој да ви застане на пат. Одлично се чувствувате и во присуство на партнерот, кој ве опсипува со нежности. Ве очекуваат радосни настани во кругот на семејството.

ЛАВ

Се наоѓате во фаза на креативен подем и сте насочени кон професионален триумф. Се претставувате во најдобро светло пред вашите претпоставени. Сакате да доминирате и на јавната сцена, но внимавајте да не ги загрозите приватните односи. Не дозволувајте амбицијата да го помати вашиот разум и да заборавите на приоритетите.

ДЕВИЦА

Сите средби и соработки течат токму онака како што вие сте ги замислиле и однапред дефинирале. Но, внимавајте да не се истакнувате премногу и со тоа да предизвикате злобни коментари од соработниците. Љубовните перипетии ги прифаќате како минлива фаза. Чувствувате добар имлулс во блиските односи.

ВАГА

Активно учествувате во сите идеи и преговори и покренувате иницијатива. Не обрнувајте внимание на нечии коментари, особено доколку на каков и да е начин ве погодуваат. Партнерот делува инспиративно врз вас. Некогаш ви се чини дека многу е едноставно да ги усогласите своите и интересите на партнерот, без непотребни разговори.

СКОРПИЈА

Минувате низ различни фази на креативно расположение, а имате и добра волја за работни задачи. Чувајте ја енергијата, за да не се оддалечите целосно од својата уникатност и она што ве прави единствени. Ви годи нечие внимание кое постојано ве инспирира. Уживајте со своето друштво, сега е вистински момент за тоа.

СТРЕЛЕЦ

Потребно е да ги отфрлите сите непотребни обврски кои самите си ги наметнавте, а немате доволно елан да ги остварите. Со достоинство ги прифаќате сите критики, без да поставувате непотребни прашања. Ви треба посилна самоконтрола кога е во прашање љубовта, но ништо не можете да направите сами без да го знаете ставот на другата страна.

ЈАРЕЦ

Вие цело време размислувате во насока на подобрување на целокупната работна позиција. Обрнете внимание и на коментарите кои ги добивате од своите колеги. Она што можеби не ви се допаѓа, може во себе да го носи најдоброто решение. Смирени сте кога е во прашање љубовната ситуација, а навистина ви значи да ја чуете и другата страна.

ВОДОЛИЈА

Секогаш умеете да ја процените поволноста на ситуацијата и да смислите добар настап за пред своите претпоставени. Прифаќајте задачи за кои имате доволно знаење и искуство. Во љубовниот живот не сте рамнодушни на нечие внимание, ја губите емотивната контрола, но сето тоа ви се допаѓа како се развива.

РИБИ

Само со отворен разговор со соработниците можете да постигнете решение за долга низа деловни проблеми. Потрудете се посериозно да ја сфатите финансиската ситуација. Љубовниот живот ви мине низ променлива фаза, но не треба да се предавате. Наместо тоа, обидете се да ја убедите саканата личност заедно да воведувате промени во врската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот