Неделен хороскоп: Близнаците ќе се борат за своите цели, Девиците трошат премногу, а Вагите…

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Биковите кои започнале нови љубовни врски имаат големи шанси за успех, иако работите ќе се развиваат бавно и платонски. Раковите ќе бидат полни со енергија, среќни и ќе се чувствуваат многу добро…

Каква недела ги очекува хороскопските знаци?

Овен

Во некои ситуации ќе мора да преземете поголема одговорност или да се борите за својот статус. Патувањата и вестите од далечните земји ќе ви овозможат да остварите профит и да ги проширите вашите деловни хоризонти. Во љубовта, работите
тргнуваат на подобро, но бидете посериозни, размислете за долгорочни решенија. Партнерот е недоверлив и би можел да побара доказ за вашата љубов, за заедничка иднина.

Бик

Се наоѓате во предизвикувачки период, но со малку поголема концентрација и претпазливост ќе успеете да ја надминете секоја препрека. Можеби ќе се чувствувате осамено, одвоено и неволно за вашите вообичаени деловни задачи. Во љубовта, имате големи шанси за успех, иако работите ќе се развиваат бавно и платонски. Но, до крајот на неделата ќе почувствувате дека се си доаѓа на свое место. Контакт со една стара симпатија отвора интересни можности за слободните Бикови.

Близнаци

Бидете присутни на деловни состаноци и борете се за вашите цели. Кога ќе сфатите дека можете да го направите тоа, сè ќе оди побрзо. Ќе слушнете вест од странство која би можела да биде пресвртница во вашиот бизнис. Ќе добивате љубов, нежност и подароци во завидни количини, а тоа ќе ве мотивира на големи чекори. Слободните би можеле да обноват љубовна врска од минатото или пак да се најдат меѓу две љубовни понуди.

Голем неделен хороскоп (10. -16 јануари): Девиците живеат во љубовното минато, Водолиите ќе водат битка со исхраната

Рак

Сонцето и Меркур на полето на финансиите ви ветуваат профитабилен период во кој вашата репутација значително ќе се зголеми. Може да ви дојде одлична деловна идеја која ќе биде крунисана со финансиски успех. Во љубовта бидете особено внимателни со проблематични, зафатени луѓе. Останете верни и искрени и не прифаќајте врски за кои сметате дека не водат кон добро. Ова не се денови за нови заљубувања, но не дозволувајте тоа да ве спречи добро да се забавувате.

Лав

Чувствувате голем притисок и тоа ве прави напнати. Ќе ве повредат нечии критики кон вас. Склони сте кон избрзани потези, што може да ве чини пропуштени можности. Работете со полна пареа, нема да биде залудно. Развојот на некои емотивни настани нема да ви оди во прилог. Затоа не го предизвикувајте партнерот со непотребни расправии и неосновани сомнежи. Доколку сте во љубовна врска, интересот за партнерот би можел за момент да стивне. Но, ова се минливи ситуации.

Девица

Не е лесно да се работи со вас, покажете поголема толеранција кон вашите колеги. Сепак, не можете да очекувате другите да мислат и да се однесуваат како вас, затоа омекнете го вашиот пристап. Внимавајте на парите, трошете премногу! Слободните Девици би можеле да запознаат атрактивна личност која ќе ви остави голем впечаток. Нема ништо лошо во тоа да се однесувате во согласност со моменталните чувства и потреби. Препуштете се на чувствата до крај!

Голем неделен хороскоп (10. -16 јануари): Девиците живеат во љубовното минато, Водолиите ќе водат битка со исхраната

Вага

Планетите ви се наклонети, па ќе бидете профитабилни и желни за напредок. Сепак, внимавајте да не се доведете во незгодни ситуации со вашите избрзани и неконтролирани постапки. Бидете потолерантни. Љубовта, бракот и саканата личност ќе бидат во центарот на вашето внимание. Доколку сте слободни, внимавајте да не ѝ изјавите љубов на погрешна личност. Вагите кои се во врска ќе поминат низ период на подеми и падови. Бидете трпеливи.

Скорпија

Ќе се соочите со деловни предизвици. Проверете ги договорите и документите, прочитајте внимателно што потпишувате. Запишете важни информации, избегнувајте секаква можност за правење грешки поради невнимание или замор. На љубовно поле ве очекува брз развој на настаните, особено на оние кои не сте можеле да ги постигнете во изминатите недели. Новите можности би можеле да влијаат на прекинување на старите и нестабилни емотивни врски и впуштање во нови, многу подобри врски.

Стрелец

Одлично ќе се снајдете во организација, реализација на идеи во дела, трговија и финансиски работи. Ќе имате поддршка од вашите соработници, големи се шансите да го добиете она што го сакате. Може да одите на важно патување. Во љубовта важно е да се слушате себеси. Ќе им покажете на сите дека зрачите со шарм и љубовна енергија. Свртете се кон личноста која ви нуди морална помош и заштита. Од тоа ќе се роди љубов и длабока симпатија.

Голем хороскоп за месец јануари: Овните ќе имаат повеќе волја, Водолијата ќе освојува со својот шарм

Јарец

Искористете ги сите вештини кои ги поседувате и концентрирајте се на работата. Можни се деловни потешкотии, но ќе најдете начин како сами да ги решите. Најважно е да ги спроведете идеите во дело и да не ве плашат препреките. Вашите еротски апетити ќе поттикнат подлабока врска со партнерот, кој ќе ви возврати со иста ревност. Ако сте сами, би можеле да се впуштите во нешто што ќе биде проткаено со страст и силни емоции. Можете да очекувате реципрочни чувства.

Водолија

Одеднаш на сите ќе им требаат вашите услуги и вашето знаење, затоа не се оправдувајте со замор, туку бидете во тек со настаните. Не се откажувајте од вашите цели бидејќи сега можете да ги постигнете посакуваните резултати. Ве оптоваруваат семејни или станбени проблеми. Поканете го партнерот на романтична вечера, го заслужувате тоа и двајцата. Слободните ќе најдат зрнца возбуда во повремени авантури кои може да преминат во нешто големо.

Риби

Ќе се сомневате во добрите намери на поединци и ќе имате чувство дека плетат мрежа од интриги и озборувања. Покажете им со насмевка дека не ви е грижа. Не станувајте жртва на туѓа злоба и завист. Постојано ќе ги анализирате маните на партнерот. Намалете ги барањата! Слободните ќе привлчат нови додворувачи. Некои од вас ќе сфатат дека љубовта е скриена во една
личност која ви била пријател и советник веќе некое време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот