Недановски: Партизан е млада и преспективна екипа која игра модерен ракомет

Вардар на 1. февруари на свој терен ќе го одигра вториот натпревар од новата сезона во СЕХА лигата.
Противник на тимот предводен од Владо Недановски ќе биде Партизан. Во првиот натпревар вардарци беа поразен од Татран Прешов и овој втор натпревар ќе биде прилика за поправен за црвено-црните.
„Нема многу време, денес ќе го имаме првиот тренинг и дел од ракометарите кои настапија на СП се уморни, потребен им е одмор. Со новите играчи немавме многу време за работи, заедно сме скоро две недели и потребно е време да се вклопиме. Денес конечно ќе кажам дека сме комплетни и ќе почнеме да работиме на подобрување на одбраната и нападот“, изјави Недановски.
Кога е Партизан во прашање тренерот на Вардар имаше пофални зборови.
„Партизан е млада и преспективна екипа, играат модерен и брз ракомет. Вчера се вративме од Прешов, денес ќе работиме на одбраната и нападот, за два тренинзи мораме да искомбинираме и да бидеме спремни за натпреварот“, истакна Недановски.
Вардар ќе го пречека Партизан во среда од 18:00 часот.