Недановски: Ни недостасуваа неколку клучни играчи, но тоа не е оправдување

Фото: Seha league

Вардар 1961 загуби убедливо од Војводина во Нови Сад (Србија) во последниот натпревар од групната фаза во СЕХА Газпром лигата.

Недостасуваа многу важни играчи на кај „црвено-црниот“ тим, кои поради репрезентативни обврски, а кои поради повреда.

После овој пораз играчите на тренерот Стевче Алушовски го избегнаа Веспрем, и во осминафиналето ќе ги одмерат силите со Металопластика.

Владо Недановски, помошник тренер на Вардар 1961:

– Денеска бевме надиграни од Војводина, тие беа подобар противник во текот на целиот тек на мечот. Ни недостасуваа неколку клучни играчи, но тоа не е оправдување. Едноставно, требаше да одиграм подобро подобро, особено во дефанзивниот дел на теренот.

Тимур Дибиров, ракометар на Вардар 1961:

– Честитки за Војводина. Секогаш се чувствувам убаво тука и денеска беше заслужена победа за домаќините. Има многу работи на кои треба да се фокусираме и да ги поправиме за да играме подобро на следниот натпревар.

Вардар 1961 убедливо загуби во Нови Сад и го избегна Веспрем

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот