Неда Украден не помислува да се пензионира: Едвај чека да помине пандемијата и пак да настапува

Фото: Инстаграм

Пејачката чија кариера трае повеќе од 50 години, во едно интервју откри интересни детали од својот живот. Поради долгогодишната кариера, енергијата и добриот изглед, многумина ја споредуваат со живата легенда Тина Тарнер.

За мене е комплимент кога ќе ме споредат со Тина Тарнер. Фантастична е нејзината животна приказна, голема борба и проблеми… и успеала да се врати во своите 50-ти. Неверојатна жена – изјави Неда.

Глобалната пандемија го погоди и светот на шоубизнисот, а пејачката вели дека без публика концерти не може да има.

Ова е генерално страшно време за целокупната уметност, работа која подразбира контакт со луѓе. Што значи концерт без публика? – се прашува таа.

Неда вели дека кога станува збор за концерт, во прашање се многу луѓе кои треба да се платат, односно не оди цела заработка за неа.

За да излезам на бина, да се наполни салата со публика, треба да имам луѓе зад себе. Верувајте ми, 60-70 проценти од заработката ги вложувам во нови песни, нешто што не треба да го правам. Треба да се снимаат, да имаме монтажери. Денес нема веќе студија, туку песните ги снимаме сами – вели таа и додава дека околу луѓето не сфаќаат дека сега, кога немаат можност да работат, не можат да заработат и тоа им носи егзистенцијални проблеми.

На пензија Украден не помислува, туку вели дека одвај чека да помине состојбата со пандемијата и да може повторно да настапува. Таа откри дека деновите на изолација лесно ѝ минуваат благодарение на семејството, во кое главни се внуците од ќерка ѝ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот